Врховниот суд на Абхазија ги поништи претседателските избори
Одлуката на Врховниот суд на Абхазија, со која се поништени резултатите од претседателските избори и е наложено одржување на нови, стапи во сила.
Според пресудата, претседателските избори одржани на 8 септември 2019 година, како и одлуката на Централната изборна комисија, се прогласени за неважечки.
На септемвриските избори, според резултатите на ЦИК, победи актуелниот претседател Раул Хаџимба со 47,39 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат освои поддршка од 46,17 проценти од гласовите.
Хаџимба и неговите приврзаници најавија жалба на судската одлука.
Политичката криза во грузиската република Абхазија достигна максимум пред два дена кога демонстранти, кои бараат оставка на Хаџимба, влегоа во зградата на Претседателството.
Претседателот свика итна седница на Советот за национална безбедност, по која изјави дека би можело да биде прогласена вонредна состојба.
Истовремено, на итната седница на Парламентот била усвоена резолуција со која Хаџимба е повикан да поднесе оставка.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта
-
Таткото на Вања денеска ќе сведочи во Кривичен
-
Трамп е согласен со испраќање американски затвореници во Ел Салвадор
-
Вучевиќ за новиот мандатар на Србија: Мацут треба да донесе нова енергија
-
На Попова Шапка утрово -12 степени, во Крушево 24 сантиметри снег
-
Влада: Значително зголемени платите на вработените во здравството
-
Нетанјаху и Трамп во Белата куќа ќе разговараат за американските царини, Хамас, Иран...
-
Цената на биткоинот нагло падна