Врховниот суд го одби барањето на обвинителот за брза одлука за имунитетот на Трамп
Врховниот суд на САД соопшти дека нема веднаш да го разгледа барањето на специјалниот советник Џек Смит да го забрза процесот на одлучување за тоа дали поранешниот претседател Доналд Трамп може да биде кривично гонет за неговите постапки со намера поништување на резултатите од изборите во 2020 година.
Одлуката на судот е победа за Трамп и неговите адвокати, кои постојано се обидуваа да ја одложат кривичната постапка против поранешниот претседател додека тој се обидува да се врати во Белата куќа во 2024 година.
Оваa одлука значи дека Врховниот суд нема брзо да донесе пресуда што може да го оспори тврдењето на Трамп дека има имунитет и ја доведува во прашање можноста за почетокот на судењето на 4 март.
За ова прашање сега ќе одлучува Апелациониот суд на САД за округот Колумбија, кој посочи дека брзо ќе го реши случајот. Специјалниот обвинител Џек Смит предупреди дека дури и брзата жалбена одлука може да не стигне до Врховниот суд навреме пред летната пауза.
Ново на Сител
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов