Врховен суд на Венецуела: Опозицискиот лидер Леополдо Лопез осуден на 14 години затвор

Врховниот суд на Венецуела ја потврди 14-годишната пресуда на опозицискиот лидер Леополдо Лопез, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп го побара неговото ослободување, по средбата во Белата куќа со сопругата на активистот.
Лопез е прогласен за виновен за поттикнување кон насилство за време на крвавите антивладини протести во 2014 година.
Многу странски Влади и организации за заштита на човековите права оценуваат дека оваа пресуда е политички мотивирана.
Еден од обвинителите во случајот, кој побара засолниште во САД, изјави дека венецуелската Влада дала наредба за апсење на Лопез, и покрај тоа што немале докази за случајот.
Вчерашната одлука на судот, што беше донесена по жалбата поднесена од одбраната на Лопез, пресудата ја прави конечна.
Претходно денеска Трамп на Твитер објави фотографија со сопругата на Лопез, Лилиан Тинтори, и побара опозицискиот лидер веднаш да биде ослободен.
Ново на Сител
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
