Времето утре
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец кој на повисоките места и на планините ќе биде умерен. По котлините ќе биде претежно тивко, во утринските часови со слаба магла особено во долниот тек на Повардарјето.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
Продолжува период на стабилно и суво време, со појава на слаба магла во утринските часови. Преку денот ќе има затоплување. Максималната дневна температура на планините на некои места ќе биде повисока отколку на пониските места.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро