Македонија
23. January 2016 - 18:26

Времето утре во Македонија претпладне сончево

Времето утре во Македонија претпладне сончево, а од пладневните часови променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од минус три до минус пет, а дневните од нула до четири степени.

Во Скопје претпладне сончево, а од пладневните часови променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до два степени.

Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има услови за појава на слаб локален снег.

Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури и ќе настапи период на позитивни дневни температури.