Времето со нови изненадувања - подгответе се!
Променливо време не очекува утре со сонце, ветер и локални врнежи и грмежи во вечерните часови. Температурата ќе достигне до 24 степени, а минималната ќе се спушти до два степена.
Од УХМР информираат дека времето утре преку денот ќе се задржи претежно сончево и топло со засилен, особено во западните делови и до силен јужен ветер над 80 км/ч. Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 14 до 24 степени.
Во Скопје преку ден сончево и топло, попладне ќе настапи наоблачување. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни локално над 20 л/м2. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/ч), а дневната температура ќе опадне за околу пет степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?