Времето денеска сончево и топло со температура до 38 степени
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност во планинските региони и со слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со мала облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во текот на работнава недела продолжува периодот на топло и претежно стабилно и суво време. Зголемена облачност сепак ќе има во среда кон крајот на денот и преку ноќта, повеќе во северните делови од земјата, но во попладневните часови на крајниот запад ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Умерено облачно ќе се задржи и во четврток преку денот. Поголемо наоблачување повторно ќе настапи за време на викендот, а поголемо освежување на почетокот од следната работна недела.
Ново на Сител
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток