-->
-->
Времето денеска ќе биде облачно и студено
-->
Времето денеска е променливо облачно и студено со умерен северен ветер. На места повремено ќе провејува снег, а максималната температура ќе биде во итервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен северен ветер, во Скопје максималната температура ќе достигне до 4 степени, информираат од УХМР.Преку ноќта и утрово времето беше облачно и студено, во западните делови со локални врнежи од снег, кои во Пелагонија беа со умерен интензитет. Дуваше умерен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина до 40 километри на час.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, освен во сабота, кога кон крајот на денот во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Утринските температури до сабота насекаде ќе бидат под нула, додека дневните ќе бидат во постепен пораст, особено од недела, велат синоптичарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 21 милион евра заем од ЕБОР државата ќе купува пет електрични локомотиви
-

Мирослав Илиевски од Крива Паланка е добитник на автомобил од наградната игра на „Рамстор”
-

Пред празничниот период грипот почна да зема замав
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
