Времето денес променливо облачно и нестабилно со пороен дожд
Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 25 до 30 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 27 степени.
Во недела претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник и во деновите потоа ќе настапи стабилизирање на временската состојба кога ќе преовладува сончево и потопло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
Ново на Сител
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани