Времето денес облачно со врнежи од дожд
Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините на северозапад врнежи од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 6 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне 8 степени.
Од понеделник и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата