-->
-->
Времето денес ќе биде сончево и топло
-->
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во северозападните подрачја ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 25 до 28 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
До четврток ќе се задржи многу топло време за овој период од годината. Од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи особено во сабота. Во петок ќе дува засилен јужен, а во недела западен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа