Времето денес ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава. На планините, врнежите ќе бидат од снег. На истокот, на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.
Наредните денови под влијание на нов влажен бран, во сабота преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во западните делови на планините и на повисоките места, врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка.
Во недела ќе провејува слаб снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
