Времено ќе се згрижуваат лицата кои живеат под Кале
Министерството за труд и социјална политика преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа времено ќе ги згрижи лицата кои живеат под Кале.
Одлуката за времено згрижување на овие лица ја Донела Владата откако на вчерашната седница ја разгледала Информацијата за утврдување на мерки за времено згрижување на затекнатите лица под Кале.
- Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да обезбеди задолжително вклучување на сите сместени лица во Програмата за поддржаното живеење, преку која на сместените лица ќе им се помогне да добијат адекватни услови за престој, различни форми и содржини на работа за стекнување на животни и работни вештини, со цел да бидат оспособени за самостојно живеење и интеграција во социјалната средина, информира владината прес-служба.
Владата на седницата ја разгледала и информацијата за модели за подобрување на функционирањето на Проектот „Отворање на Народни кујни“, и да го задолжила МТСП да ги продолжи активностите за подобрување на состојбата за добивање на топол оброк за најранливите категории на граѓани и редовно да ја информира за овие мерки.
На седницата бил усвоени измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се врши и допрецизирање на одредбите од член 61 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување кои се однесуваат на остварување право на семејна пензија за дете инвалид.
Владата ја усвоила и Информација за измена и дополнување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, и го прифатила предлагот за измена и дополнување на евидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, со пренамена на средствата во програми и мерки каде се предвидува зголемување на опфатот на лицата со овие мерки.
Ново на Сител
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола