Времен сообраќаен режим на улицата „Боца Иванова“ во Бутел

Од денеска до 20 декември затворен за сообраќај ќе биде кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ во Бутел.
Сообраќајот ќе биде целосно стопиран денеска во 8:30 часот, а во наредните десет дена ќе биде пренасочен по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, 8 и 61, во посочениот период ќе се пренасочат по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ се воведува поради изградбата на големата атмосферска канализација кон улицата „Александар Урдаревски“.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот сообраќаен режим.
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
