-->
-->
Времен режим на сообраќај од понеделник во Делчево
-->
Од понеделник започнува рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево. Со рехабилитацијата, како што информираат од фирмата изведувач, ГД „Гранит“ ќе биде опфатена магистралната улица долж булеварот „Македонија“, поради што од понеделник ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на споменатиот патен правец.– Работите ќе се изведуваат согласно измениот режим на сообраќај во 11 фази од крстосница до крстосница и тоа започнувајќи од патниот правец од селото Ѕвегор кон Делчево со затворање на десната коловозна лента и пренасочување на сообраќајот на левата коловозна лента на која за времетраење на работите сообраќајот ќе се одвива двонасочно сѐ до крстосницата со улица „Скопска“, известија од „Гранит“.
По истиот принцип на пренасочување од крстосница до крстосница, како што додаваат, времениот режим ќе се одвива континуирано на десната коловозна лента на булеварот сѐ до влезот на Делчево, за потоа да се започне со изведување на работите во обратен правец кон село Звегор.
– За воспоставување на времениот режим ќе бидат поставени сообраќајни знаци и опрема со која ќе се води сообраќајот со цел овозможување безбеден и непречен сообраќај за сите учесници. Се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост, додадоа од „Гранит“.
Времениот режим на сообраќај ќе важи до завршувањето на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево и магистралната улица булевар „Македонија“, за што граѓаните ќе бидат навреме известени
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнува зимскиот ред на летање
-

Прекин на сообраќајот на патот Скопје – Куманово кај Хиподром поради излетано товарно моторно возило
-

Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ
-

Никој не стави вето на предлогот за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, тврди Кошта
-

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини
-

Битолчани поразени на гостувањето кај европскиот шампион
-

Мастерс турнир на нова локација
-

Многу критики за Синер по отказот во Дејвис купот
