Времен прекин на сообраќајот од Св. Стефан до Св. Наум
Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува жителите на Охрид дека денеска (08.06.2022), за редовен сообраќај привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид - Св.Наум. Привременото затворање ќе започне во 15.00 часот на потегот од туристичкиот комплекс „Св.Стефан“ сѐ до туристичкиот комплекс „Св.Наум“ кај Љубаништа, од каде полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе вршат пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица - учесници на Самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид.
Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на овој патен потег, но и по останатите сообраќајници каде се преземаат соодветни сообраќајно-безбедносни мерки.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима