„Вреди“ го промовираше Таравари за кандидат за претседател
Кандидатот за претседател на политичките партии од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари, вчера вечер беше промовиран на митинг во Гостивар.
Албанската опозиција вчера ја почна промотивната конвенција во Гостивар. Таравари посочи дека ќе биде поинаков и претседател на сите граѓани и најави дека ќе се ангажира за избор на претседател во Собрание, уставните измени и бришење на терминот 20 проценти. Тој најави дека ќе се бори за слобода, еднаквост и хармонија во Северна Македонија, бидејќи, како што рече, народот е на прво место, што е и неговото мото.
Оваа кандидатура е одговорност, но и најголема привилегија што сум ја имал во животот. На секој од вас што дојде, многу ви благодарам, бидејќи вие сте мојата сила. Јас сум доктор 26 години, мојот профил како невролог ме освести за грижите на луѓето, кои доаѓаат од неправеден систем. Јас ќе бидам претседател на народот и на народот. Јас како претседател предложен од коалцијата „Вреди“ (Vlen) ќе бидам апсолутен победник во албанскиот табор, рече Таравари.
Во спортската сала „Младост“ пред симпатизерите и членови на партиите Алтернатива, Демократско движење и Беса зборуваа лидерите Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити и во говорите посочија зошто Таравари треба да ја добие поддршката на претседателските избори. Обраќање имаше и сопругата на Таравари, Нора.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Ивона Талевска - Боја на парите
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра