Врачување на наградата „Державин“ на поетот Василе Димески

На поетот Василе Димески вечер на Славјанскиот универзитет во Битола ќе му биде врачена наградата „Державин“ што се доделува за најдобра стихозбирка објавена од јули 2016 до јули оваа година. Високото признание Димески го доби за поетската книга „Ноќва душава си ја изедов“ во издание на „Матица“.
Како што соопшти Друштвото на писателите на Македонија, наградата на Димески ќе му ја врачи амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак, а обраќање ќе има претседателот на ДПМ Веле Смилевски.
Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, едногласно ја донесе жири во состав: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.
Василе Димески годинава одбележа 70-годишен животен јубилеј и 50 години творечка дејност. Автор е на 14 поетски книги кои имаат свое место во поновите текови на современата македонска поезија. Живее и создава во Прилеп.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
