Врачени стипендиите за талентирани ученици и студенти од Охрид
Општина Охрид по четврти пат издвои средства од буџетот за стипендирање на талентирани ученици и студенти од градот. Станува збор за средства во износ од милион и 242 илјади денари наменети за стипендии за 50 основци и 42 средношколци, како и 144 илјади денари за стипендирање на осум талентирани студенти.
На денеска одржаната церемонија на врачувањето на стипендиите градоначалникот Никола Бакрачески изрази уверување дека доделените средства иако не се многу високи, добро ќе бидат искористени од стипендистите во насока на стимулирање на највредното нај нив – нивното знаење, труд и резултати.
- Верувам дека со иста посветеност како и досега ќе продолжите со надградување на вашите знаења, кои ќе бидат од полза пред се за вас, а се разбира и за пошироката заедница, рече тој.
Инаку, оваа година висината на средствата за талентирани ученици е повисока за 20 проценти во споредба со минатата година.
Ново на Сител
-
Се реконструира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет