Врачени наградите за краток расказ на весникот „Нова Македонија“
Силвија Митевска за расказот „Присвоено јунаштво“ денеска ја доби првата награда на конкурсот на весникот „Нова Македонија“. Втората награда му беше доделена на Ѕвездан Георгиевски за расказот „Дедо Митре го урива покривот“, а третата ја доби Ермис Лафазановски за расказот „Инаетот што тлее меѓу нас!“.
Откупните награди ги добија Билјана Стевковска Савиќ за расказот „Несреќна случка“, Петар Андоновски за расказот „Кој се плаши од Минотаур?“ и Марио Букна за расказот „Колекционер на кукли“. Наградите се парични.
Во жири комисијата за доделување на наградите биле Александар Прокопиев, селектор на расказите и Весна Дамчевска, уредничка на редакцијата за култура. Наградите на годинашните добитници им ги додели главниот уредник на „Нова Македонија“, Александар Димковски.
– Измината деценија ни покажа дека колку и да се чини застарена идејата за објавување на расказот во дневниот печат овој жанр има свои приврзаници и меѓу авторите и меѓу читателите. Без скромност може да заклучиме дека токму „Нова Македонија“ во нашата средина ја создаде културата на читање на кратките раскази, истакна Дамчевска.
Прокопиев рече дека станува збор за современи раскази и од пристигнатите 200 раскази, 40 биле напишани на еден многу прифатлив, добар и многу добар начин.
– Расказите се свртени кон она што е денес меѓу нас, во нас, се она што се случува секојдневно. Нема ниту еден награден расказ кој е трагичен, поврзан со смрт, љубовна жалопојка. Затоа има раскази кои се многу духовити, кои се стилски напишани многу мајсторски, но има дури и од жанрот на хорор приказната, посочи Прокопиев.
Димковски рече дека деновиве одбележуваат 74 години од печатењето на првиот број на весникот. Потенцира дека јубилејот го одбележуваат со посета на селото Горно Врановци, каде е отпечатен првиот број на весникот, организираат планинарски марш низ патеките по кои била однесена печатницата и со доделување на наградите за краток расказ.
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци

