Врачени „Алтернативните нобелови награди“
На цереминија во Стокхолм синоќа беа врачени Наградите за праведен живот, кои уште се познати и како „Алтернативни нобелови награди“.
Како што јави ДПА, главен лауреат за Наградата за праведен живот беше Раед ал Салех, раководител на сириската организација на спасувачи-добровилци, кои им помагаат на настраданите цивили во граѓанската војна во Сирија.
- Наш најголем придонес не е тоа што спасивме околу 73.000 човечки животи, туку тоа што ја вративме надежта таму јкаде што таа не постоеше, рече Салех при примеот на наградата.
Оргнизација на Селах почнала со работа во март 2013 година во Алепо, кога започнале воздушните напади на сириските сили врз деловите на градот под контрола на бунтовниците.
Тој истакна дека при своите спасуваќи операции загинале 148 членови на неговата органзиација, а над 450 биле ранети, нагласувајќи дека наградата е призанине за нив, но и за сите сириски граѓани, кои секојдневно се изложени на бомбардирање и живеат во страв.
Покрај Салех, Наградата за праведен живот годинава им беше врачена и на руската активистака за заштита на човековите права Светлана Ганушкина, на редакцијата на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“ и на египетската феминистичка активистка Мозан Хасан од организацијата „Назра“.
При приемот на наградата Ганушкина изрази вознемиреност поради „политичките тенденции во светот, каде зајакнуваат позициите на екстремно радикалните насионалистички лидери, кои пласираат антиимигрантски пароли“.
- Радикализмот стана сериозен предизвик за граѓанското општество, порача Ганишкина.
Уредникот на „Џумхуриет“, Орхан Еинч, кој има забрана за напуштање на Турција, и Хасан не присуствуваа на доделувањето на наградите. Хасан на присутите на церемонијата им се обрати преку видео врска од Египет, додека во името на „Џумхуриет“ наградата ја прими новинарката Зејнел Орал.
Основачот на Наградите за праведен жиивот, Јакоб фон Јукскил изјави дека овогодишните лауреати не се плашеле на властите да им ја кажат вистината в лице.
- Активистите на граѓанскиот сектор од време на време го занишуваат бродот, но исто така креираат и нови постабилни бродови за одржлива долгорочна перспектива. истакна Јукскил.
Наградите за праведен живот се доделуваат од 1980 година, а четворицата овогодишни лауреати ќе добијат по 750.000 шведски круни (315.000 евра).
Ново на Сител
-
Руски патнички авион се запалил синоќа при слетување на аеродромот во Анталија, евакуирани 89 патници
-
Новата изјава на Кешишев која негира дека Палчо ги сторил убиствата нема доказна вредност
-
Берлин е домаќин на разговори на европски министри за одбрана
-
Молика стара 250 години и стотина стебла стари над 200 години искрши ветерот на Пелистер
-
Два пиштоли и 30 куршуми одземени од 30 годишник од кумановско
-
Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети
-
Вардар подобар од Алкалоид во дербито на ракометната Суперлига
-
Слот израмни рекорд во Премиер лигата