Врачена наградата Европско лице на годината на уметникот Балов

Европско движење во Република Македонија вчера, свечено му ја врачи плакетата за Европско лице на годината на Јован Балов, уметник кој веќе неколку децении живее и работи во Берлин, Германија.
Во образложението на доделувањето на наградата за Европско лице на годината, која Европското движење со години ја доделува на личности кои на свој начин придонесле за афирмација на Република Македонија во европски рамки како и за промоцијата на европските вредности во нашата земја, се вели дека Балов успеа да направи „културен“ мост меѓу Скопје и Берлин и да го внесе европскиот дух во Македонија, а македонските автори да ги претстави пред европската публика.
Балов со свои изложби се претставил во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и многу други земји. Освен тоа, од 2004 година до денес во неговата галерија „Прима центар“ во Берлин, по заслуга на Балов се реализирани над 180 изложби и презентации, на кои се претставени околу 400 странски автори. Меѓу нив има реализирано 74 изложби на македонски уметници, во кои се претставени 115 уметници и културно-уметнички работници од Македонија.
Европското движење оваа титула досега им ја додели на Борис Трајанов, Ана Дурловски, Тоше Проески, Влатко Стефановски, Симон Трпчевски и Луан Старова од областа на културата, како и на Борис Трајковски, Радмила Шекеринска, Вања Ефремова, Живко Мукаетов и Љупчо Коцарев.
По свеченото доделување на признанието, се одржа дебата на тема „Културата интегрира, уметниците поврзуваат“.скс/09:29
Ново на Сител
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
-

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
-

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор
