Бизнис
31. March 2022 - 16:33

Вработените во управата и правосудството ќе протестираат со неработење по два часа следниот четврток и петок

Управата и правосудството идната недела ќе ја прeкинат работата на два часа. Синдикатот УПОЗ одлучи во четрток и петок во знак на преупредување, вработените да престанат со работа. Протестот е заради неусогласените плати со новиот минималец.

УПОЗ нуди и решение за надминување на проблемот со покачувањето на платите во државната управа. Поднесоа амндман на законот за административни службеници со кој се предвидува сите вработените со високо образование да добијат линеарно зголемување на платите од 2.800 денари, а за останатите да се зголемат бодовите.

Министерот за информатичко оштество денеска рече дека во април, ниту еден вработен во управата нема да добие пониска плата од 18.000 денари, а во однос на скалестото зголемување, вели преговорите се во тек.