-->
-->
Вработените во Еурокомпозит повторно штрајкуваат пред Влада
-->

Вработените од Еурокомпозит од Прилеп повторно штрајкуваат пред Владата. Тие пред малку стигнаа пред владината зграда со цел да се изборат за своите права и да ги добијат заостанатите плати, што државата им ги должи на работниците од оваа фабрика. Дел од нив се внатре во владата на преговори со надлежните.
Планот за спас на фирмата предвидува околу 130 вработени да бидат прогласени за технолошки вишок, а потоа преку стечајна постапка фабриката да се продаде на инвеститор. Но, државата нема пари да им плати отпремнина на работниците што ќе потпишат да останат технолошки вишок.
Компанијата веќе подолго време не е рентабилна. На вработените им се должат 20 тина плати, а придонесите не им се платени повеќе од 6 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
