-->
-->
Вработените од Фени ја земаа заостанатата плата, бугарски „Енекод“ не се откажал
-->

Вработените во „Фени Индустри“ од Кавадарци ја добија заостанатата плата и се надеваат дека од понеделник ќе почнат со работа.
Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов за МИА изјави дека заостанатата плата им е исплатена на вработените и оти новиот сопственик „Енекод“ од Бугарија не се откажува од Фени Индустри.
- Денеска се прават финалните преговори. Вчера во директни преговори ни беше потврдено дека денеска ќе земеме плата и тоа и се случи. Имаме официјален меил дека тие не се откажуваат од Фени и дека ги демантираат изјавите во медиумите оти се откажале, вели Палитов.
Вработените, вели Палитов, се надеваат дека од понеделник ќе стартуваат со работа.
Новиот сопственик најави дека сите вработени, околу илјада, ќе останат на работа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
