Македонија
3. February 2016 - 17:03
Вработените на Југохром бараат рестартирање на фабриката
Фабриката да продолжи со работа, причините за загадувањето на воздухот да се бараат на друго место, а Југохром да постави соодветни филтри.
Ова се трите барања на околу илјада вработени кои денес протестираа пред комбинатот. Иако Југохром не работи и понатаму во Тетово воздухот е загаден, образложуваат работниците.
Работниците велат дека тешко го поминуваат овој период без плата.
Раководството донесе одлука да прекине производството во јануари и февруари. Предвидено е по поставување на филтрите да продолжи со работа од март.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
