Вработените на „Еурокомпозит“ повторно на протест
Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ денеска ги продолжија протестите. Од 12 до 14 часот го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско на излезот од градот пред Плетвар.
Според Роберт Богдански, претседател на синдикалната организација, не е постигнат договор на последната средба во петокот на нивните претставници со вицепремиерот Кочо Анѓушев.
- Вицепремиерот рече дека ќе се исплати една плата, а дотогаш да седиме дома. Но нашите барања остануваат исти: во најскоро време да се реши проблемот со фирмата, бараме девет плати или една просечна републичка, да се поведе постапка за 100 луѓе за технолошки вишок за што ни беше речено ќе стигне како предлог на владина седница. Од раководството очекувавме да не викне на разговор, но тоа не се случи и мислиме дека раководството треба да си замине од компанијата. А ние досега немаме ништо, а од денеска ниту здравствено осигурување. За утре, евентуално, се најавува некаква плата, но не знаеме за што станува збор. Годинава имаме добиоено само 5 000 денари, изјави Богданоски.
За директорот на „Еурокомпозит“, Александар Кузески, најбитно е работниците да се вратат на работните места, а со протести не постигнуваат ништо.
- Треба да се работи, вработените да добијат плата и во меѓувреме да се решава прашањето со инвеститор во компанијата, најдоцна за шест месеци, а се надевам и побрзо. Ако работат ќе земаат колку толку плата и ќе имаат здравствено осигурување. Инаку, планот за работа со сите ополнителни детали и информации е доставен до владата од каде чекаме да бид еприфатен, вели Кузески.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес