Вработени во УЈП злоупотребиле 8.442.509 денари државни пари
За вкупно 8.442.509 денари е оштетен државниот буџет од страна на Е.Ј.Д (53), Д.Ѓ. (63), О.Н. (57), С.П. (57), М.Д. (58), сите од Скопје, и Ј.К. (40) од Свети Николе кои, како вработени во Управата за јавни приходи на раководни функции, ја злоупотребиле службената положба, соопшти МВР.
Поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“, СВР Скопје поднесе кривична пријава против овие лица.
Според МВР, иако знаеле дека даночното побарување за даночен долг во вкупен износ од 90.752.102 денари од даночниот должник „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ Скопје по основ на Данок на добивка, Данок на додадена вредност и Персонален данок од доход и по други основи е доспеано врз основа на издадени решенија за задолжување, пријавените, со искористување на својата службена положба и со неизвршување на службената должност, свесно го попречиле, пролонгирале и оневозможиле спроведувањето на постапката за присилна наплата на доспеаниот даночен долг од даночниот должник.
Сите пријавени, секој во својата област на постапување, не презеле активности за обезбедување на даночното побарување со воспоставување на залог, односно со запишување на заложно право во регистарот на заложни права со што на одговорното лице на „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ му овозможиле во временскиот период од околу три години да го искористи за пренесување на дел од своите побарувања во вкупен износ од 5.084.059 денари на фирмата „ЗБ ИПП ДООЕЛ“ Скопје. Оваа фирма, во која основач е нејзиниот сопруг , а управител е нејзината ќерка, со склучување на договори за цесии и компензации во кои правното лице “ЗД ИПП ДООЕЛ“ Скопје е во улога на цесионер, е искористена за пренесување на целокупните залихи, средства за работа и ситен инвентар во вкупна вредност од 3.358.450 денари со кои располагал даночниот должник “ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“.
На тој начин, поради неизвршување на службената должност од страна на пријавените, даночниот должник останал без имот и средства од кои во постапка за присилна наплата на даночниот долг би можело да биде наплатен доспеаниот даночен долг.
Ново на Сител
-
Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина
-
Брисел со остра осуда на рускиот напад врз Киев во кој беше погодена делегацијата на ЕУ
-
Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија
-
Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
-
Путин и Ким Џонг-ун ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември
-
Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете