Балкан
22. March 2017 - 13:01

Вработени во рудник во Бугарија стапија во штрајк со глад

Работниците од рудникот за манган „Оброчиште", што се наоѓа близу градот Добрич во североисточна Бугарија, стапија во штрајк со глад со барање државата да го преиспита концесискиот договор за наоѓалиштето, јави БТА.

Според лидерот на синдикатот на рудникот, Ивајло Тодоров, двонеделниот протест за повисоки плати на 180 рудари, не вродил со плод, па тие се решиле на порадикални чекори.

Раководството го блокираше пристапот до рудникот.

- Штрајкот веќе е за спасување на рудникот. Штрајкувачите не можат да воспостават никаква врска, дури ни телефонска, со раководството на рудникот,  рече Тодоров. 

Наоѓалиштето за манган близу селото Оброчиште, експертите го сметаат за четврто по големина во светски рамки.