Вработени во ЈСП протестираат пред Владата
Вработените во ЈСП денеска го почнаа протестот пред Владата и пред останатите институции, поради неисплатата на заостаната плата.
Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најавија дека ќе штрајкуваат се додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата.
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера оцени дека станува збор за сериозен долг и најави дека автобусите на ЈСП „од утре ќе бидат пред Владата и останатите институции, се додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие“.
– Автобусите на ЈСП ќе возат до оној момент додека можат. И ние она кое што е наша услуга, ќе се обидеме доследно до последниот момент да го испорачаме до граѓаните. Автобусите кои нема да сообраќаат, ќе останат пред Владата и ќе ги ставиме пред сите институции до моментот додека не си ги исполнат своите обврски, рече Арсовска.
Од Владата пак, ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Сабајлево, поради дојава за бомба, јавниот автобуски превоз беше во прекин.
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
