Вработена во станица за Технички преглед издала одобрение за управување туѓу возило без соодветни потписи
Вработена во станица за Технички преглед во струшкото село Мислешево ја злоупотребила службената положба со издавање одобрение за управување туѓо моторно возило на странски државјанин.
СВР Охрид денеска информира дена четириесет годишната А.К. од Струга добила кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
– Пријавената, како вработена во станица за технички преглед во струшкото село Мислешево, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на физичко лице му издала одобрение за управување на туѓо моторно возило за странски државјанин, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
При контрола на граничен премин, додаде, било утврдено дека одобрението не е валидно и дека недостасуваат потписи од корисникот и сопственикот на возилото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
