Вработен во Општина Неготино за време на панаѓур наплаќал паркинг, заработил 98.100 денари
Вработен во Општина Неготино е под сомнеж дека за време на панаѓурот наплаќал во кеш за користење јавен простор, заработи кривична, информираа денеска од СВР Велес.
Оттаму соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднела кривична пријава против М.Д. (41) од Неготино, поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.
- Пријавениот во периодот од 14.09.2023 до 21.09.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење на јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“, им наплаќал пари во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари, нанесувајќи штета на буџетот на Општина Неготино, појаснија од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје