Вработен во „Македонски шуми“ - Делчево ја злоупотребил службената положба
Вработен во „Македонски шуми“ - Делчево ја злоупотребил службена положба издавајќи испратници и вршејќи жигосување на бесправно исечена дрвена маса, со што предизвикал материјална штета од околу 10.000 денари на жител од делчевско Ветрен.
Како што соопшти МВР, НК за КР Делчево поднесе кривична пријава против делчевчанецот Ц.Л. (56), вработен како референт по извоз во Македонски шуми-Голак Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот наместо да изврши жигосување на дрвна маса на местото каде била пресечена или од местото на дотур на дрвната маса, во два наврати на 10 и 25 октомври минатата година постапил спротивно на Законот за шуми и издал две испратници за транспорт на дрвна маса, извршил жигосување на дрвна маса во количина од 5,72 кубни метри, а која дрвна маса лицето Ѓ.В. ја имал исечено од катастерската парцела која не била негова сопственост, и без одобрение за сеча. Така пријавениот овозможил лицето Ѓ.В. да се стекне со имотна корист од околу 10.000 денари, на штета на И.Н. од село Ветрен.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите