Вработен во администрација се жали дека добил предупредувачко писмо од невладината МОСТ
Сашо Здравески вработен во државна администрација пред камерата на ТВ НОВА се пожали дека утрово добил писмо од невладината МОСТ во кое како што вели, бил предушреден дека неговоите политички убедувања не требало да влијаат врз неговата работа. Сашо бил вознемирен и се запрашува од каде неговите лични информации ги има една невладина организација.
„Вознемирен сум и револтиран. Јас не сум член на ниту една асоцијација, добив писмо од некоја граѓанска асоцијација МОСТ на мое лично име и презиме во канцеларијата во којашто сум вработен. Во писмото ми се обраќаат лично, ме потсетуваат дека Македонија е демократска држава и понатаму пишува што е она што јас како државен службеник смејам да го правам на своето работно место. Јас сум професионалец, а 95 посто од активностите што ги имаме во мојата канцеларија се запишување на новороденчиња, останатите проценти се склучување на бракови и запишување на починати лица во нашите книги. Податоците со кои работиме се заштитени од Агенција за заштита на податоци. Ме вознемири писмото зашто не знам кој се ги има моите податоци и која е целта на писмото и не знам како ќе ми се обратат следниот пат, сега со писмо можеби некој ќе ми дојде на врата“, изјави Здравевски.
Тој додаде дека во изминативе години има запишано во регистерот повеќе од 20.000 бебиња и согласно неговите работни обврски нема каде да врши политички влијанија.
„Од една страна ме предупредуваат, од друга страна ме насочуваат што би смеел, а што не би смеел да направам, меѓутоа јас сум професионалец во својата работа и јасно е што работиме. Со самото тоа што кажав дека 95 постоод мојата работа е запишување на бебиња, останува јас на бебињата да агитирам да им кажувам за кого да гласаат. Во изминативе 10 години имам запишано повеќе од 20.000 бебиња. Прво се обратив кај вас зашто се уште размислувам кој е надлежен во врска со овој случај, мислам народниот правобранител би требало да регира“, истакна Здравевски.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството