Вработен спречил разбојништво на бензинска пумпа во Гостивар

Три маскирани и вооружени лица се обиделе да извршат разбојништво во бензинска станица на „Макпетрол“ во Гостивар. Во намерата ги спречил вработен, кој по пресметката која настанала поминал со полесни повреди на главата. Два часа подоцна полицијата привела три лица кои се сомничат дека се поврзани со настанот.
Од СВР Тетово информираат дека утрово околу 4 часот на бензинската станица на Макпетрол на улицата „Илинденска“ влегле три маскирани лица и со закана со нож и пиштол од вработениот побрарале да им ги предаде парите од прометот. Вработениот се спротиставил и не дозволил да му ја одземат торбата во која чувал пари. Набрзо дошол и другиот вработен по што настанала мешаница и пресметка со натрапниците. Едниот вработен бил повреден, а трите лица побегнале и исчезнале во непознат правец.
По пријавувањето на настанот, два часа подоцна, полицијата привела двајца гостиварци на возраст од 20 и 21 година и еден дваесет и две годишен тетовец. Во возилото со кое се превезувале, пронајдени се повеќе предмети меѓу кои нож и гасен пиштол за кои се претпоставува дека се користени при обидот за разбојништво. Лицата за задржани на разговор во полициска станица Гостивар.
Ново на Сител
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
