Македонија
6. May 2022 - 16:31

Возрасен маж загина во пожар во Битола

93-годишен битолчанец загина во пожар кој утрово избувна во висококатница во центарот на Битола. Пожарот бил на 12 кат, а избувнал утрово во 4 часот. Останатите станари се спасиле навреме.

-Се будевме еден со друг да не биде поголема катастрофата, имаше многу час. Пожарната дојде веднаш, спроведуваа црева, бидејќи е на високо. Не би обвинил никој, но е лошо затоа што кај нас не функционира хидрантната мрежа, вели Оливер Грамосли, станар.

Во битолската пожарна било пријавено во 04:46 часот, на терен прво излегле со две возила и 8 пожарникари, но кога виделе дека се работи за многу тежок пожар, се активираат сите 33 пожарникари и 5 возила. Пожарот го гаснеа 5 часа.

-Се наоѓаше на 12 кат, на горниот дел немаше отвор, каде да излегува чадот, имаше висока температура, не можевме да влезиме. Кога стигнавме на лице место повеќето станари беа слезени, но тие што не можеа да слезат ги задржавме горе зашто имаше голема концентрација. Го повлековме чадот со вентилатори, па почнавме еден по еден без паника да ги извадиме од 11 и 12 кат што не можеа да слезат. Жртвата е  93-годишно лице, неподвижно, така ни јавија, изјави Горан Димковски, заменик командир на ТППЕ Битола. 

Полицијата изврши увид и дополнително ќе ја утврдува причината за пожарот, како и настанатата штета. Наредена е и обдукција на телото.