Македонија
8. August 2022 - 13:45

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Удри дете на пешачки во Штип па избега

Видео снимка од автомобил кој удира дете на пешачки премин и го напушта местото на настанот објави регионалната телевизија М-нет. 

Тие на својата веб страна исто така посочуваат дека „несовесен возач со возило удира дете во близина на градскиот пазар во Штип, а од безбедносните камери се гледа дека барем во првите моменти го напушта местото на настанот. Се чини дека за среќа детето не е повредено. Граѓаните бараат да се преземат превентивни мерки на оваа улица, за ограничување на брзината на возење“.

Воедно од телевизија М-нет споделуваат дека веќе е откриен сторителот на прекршокот, против кој МВР презела мерки и е покренато обвинение.

- Се работи за сообраќајна незгода случена на 26.07.2022 на ул.”Сутјеска” во Штип каде возачот со возилото удира во пешак дете и го напушта местото на настанот. Веднаш се преземени мерки и активности и по брзата интервенција на штипската полиција пронајдени се возачот З.А.(62) од Штип и возилото кое го управувал и удрил во малолетниот пешак, нанесувајќи му телесни повреди. Случајот е расчистен и против З.А. до Основното јавно обвинителство поднесена е соодветна кривична пријава за сторени кривични дела - се наведува во соопштението од СВР Штип.