Свет
15. јуни 2022 - 9:00

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мина разнесе маж во морето кај Одеса пред очите на сопругата и синот

Снимката дистрибуирана од полицијата во регионот на Одеса покажува ненадејна експлозија во близина на брегот од која загина 50-годишник капејќи се во морето додека од плажата го набљудувале неговата сопруга и син.

Пливањето во таа област е забрането поради мините поставени за време на актуелната војна во Украина. На видеото се гледа како луѓето трчаат на плажата кон морето откако се случила експлозијата. Пријателот на жртвата во тој момент пливал со него, но тој не е повреден.

„Додека пливал во морето во едно од селата во областа Одеса, 50-годишен маж загина од експлозија на непознат предмет пред очите на неговата сопруга, синот и пријателот. Строга забрана и капење во тој дел се безбедносни мерки кои се опасни по живот доколку се занемарат,“ информирала тамошната полиција.