Живот
21. December 2016 - 17:41

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Сватови ја нападнаа деверушата, ја соблекуваа и допираа среде свадба

На кинеската страница Миаопаи објавена е уште една снимка на која се гледа како најмалку 7 мажи ја фрлаат деверушата во кревет и се обидуваат насилно да ја фаќаат по целото тело.

Насмеаните мажи се снимаат додека ја држат деверушата на креветот, грубо и ја притискаат главата за да не може да стане, ја допираат по градите и ја напаѓаат од сите страни.

Иако кутрата девојка се обидува да се одбрани, изгледа дека нема разбирањеза нејзините желби туку и ја покриваат устата и главата со дланките, и со раце ја допираат под облеката, и мажите секако, добро се забавуваат насмеани од уво до уво.

Освен оваа снимка, неодамна на социјалните мрежи се појави и видео од бизарен тим билдинг во кој мажи нуркаат во градите на своите женски колешки како и уште една снимка од свадба на која гостите ги присилуваат младенците пред нив да водат љубов.