ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Маж во живо го емитувал сопственото убиство на Фејсбук
Маж од Северна Каролина во живо го емитувал своето убиство на социјалната мрежа Фејсбук.
Полицијата објавила дека во Прентис Робинсон (55) било пукано и убиен во понеделникот околу 10 часот наутро по локално време. На интернет е објавена снимка од убиството, која била емитувана преку Фејсбук.
Шефот на полицијата изјавил дека интезивно се трага по убиецот, кој е индетификуван како 65 годишниот Даглас Кливенд Колсон.
Робинсон преку услугата Фејсбук лајв се пожалил дека „член од семејството му украл еден ос трите мобилни телефони“. Се снимал кога отишол да ја пријави кражбата во полицијата во градот Вингејт. На враќање од полициската станица разменил неколку зборови со осомничениот, кој потоа го убил.
Шефот на полицијата изјавил дека е во шок поради тоа убиството е направено откако е направен разговор со Робинсон. Поради пукањето привремено се затворени училиштето и универзитетот.
Семејството на Робинсон и пријателите изјавиле дека неодамна го прославил роденденот: „Ова е нестварно. Дека некој така ладнокрвно убива човек, тоа не е нормално“, изјавил Чарлс Бејкер, кој го познавал Робинсон 30 години.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата