Живот
8. November 2017 - 16:08

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Лудо се забавуваа во автомобил и тогаш налетаа на заседа и ги изрешетаа

Моментот кога членовите на нарко-банда наише на полициски хеликоптер кој отворил оган врз нивниот автомобил е забележан во живо на Фејсбук.

Четири момчиња се снимале во возило во Рио де Женеиро кога вооружени полицајци го изрешетале нивниот автомобил во текот на рација.

Еден од нив со својот мобилен ги снимал пријателите како се смеат и шегуваат додека музиката одела во позадината.

Музиката наеднаш се прекинува и набрзо е заменета со звук на пукање, иако тинејџерите на почетокот не изгледаат загрижени.

Телефонот тогаш им паѓа на подот но продолжува да снима.
 
Се смета дека тројцата осомничени загинале како резултата на пукањето, додека четвртиот е ранет.