Вознемирувачко: Канибализам меѓу џихадистите, за да преживеат јадат човечко место
Џихадистите од исламската држава (ИД) трпат порази на сите фронтови и остануваат без залихи од храна, па тргнаа и кон канибализам, тврдејќи дека исламот им дозволува да јадат месо од немуслимани.
Дури и челниците на оваа монтруозна ораганизација почнаа да ги учат своите борци дека е прифатливо да се јаде човечко месо, па им даваат упатство како да „подготват месо од неверници“.
https://
Шокантните тврдења за канибализам во Исламската држава која и натаму контролира поголем дел од Сирија и Ирак, ги изнесе фондацијата Квилијам од Велика Британија чија специјалност е борба против исламскиот тероризам.
Во една школа на ИД за тренинг на борците пронајдено е упатство за подготовка на човечко месо. Во него им се даваат совети на борците кои делови од човечкото тело се најдобри за употреба како да се спремат за јадење.
-Како што се стега обрачот околу Исламската држава, се помалку има храна која им е неопходна за да водат џихад. Поради тоа борците се охрабруваат да убиваат немислимани за да се прехранат. Дури им се советува и да убиваат муслимани кои не се служат со нивната верзија на исламот, вели Харас Рафик, извршен директор на фондацијата Квилијам.
Ова не е првпат ИД да биде обвинета за канибализам. Пред неколку месеци објавена е фатва 68 на Комитетот за истражување и закони на ИС, кој на 31 јануари 2015 година објави дека е дозволено да се користат органите од убиените неверници.
Меѓу другото во одлуката пишува:
-Исламските учители одлучија дека е дозволено, ако е неопходно, да се убијат неверниците за да се изеде нивното месе и да се искористи неговото тело.
Пред две години светот го шокираше веста дека на една мајка џихадистите да дале да јаде месо од нејзиниот убиен син. Несреќната Ирачанка дошла во Мосул да бара да го види заробениот син, а монструмите и го дале да го јаде неговото месо.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари
-
Координативна средба на Ѓорѓиевски со советничките групи од коалицијата – во фокус на разговорот биле првите чекори по преземањето на градот
-
ЕП усвои резолуција за Србија
-
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава
-
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10
-
Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа
-
Со 2,05 промили алкохол во крвта возел „мерцедес“ низ Кавадарци
-
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк