Живот
19. August 2015 - 16:11

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Обезглавен познат археолог и обесен на улица

Милитантите на ИСИЛ брутално го убија и потоа обеглавеното тело на познатиот археолог Калед Асад го закачија на раскрсница за да може сите да го гледаат каква казна го стигнала што одбил да им каже каде е скриено златото и древните антички статуи.

82-годишниот пензиониран сириски археолог 50 години од својот живот ги посветил на истражување на античкиот град Палмира.

Пред еден месец тој беше киднапиран и испрашуван од страна на ултра радикална сунитска милитантна група која барала од него да открие каде се античките вредни артефакти кои се тргнати од локалитетот само неколку дена пред милитантите да го освојат градот.

Асад е погубен во центарот на грчко - римскиот антички град кој беше под заштита на УНЕСКО.