Живот
24. October 2018 - 20:38

Вознемирувачка снимка ја преплаши Америка: Тинејџер малтретирал дете, го терал да му ги бакнува стапалата, а потоа извадил и пиштол

На социјалните мрежи во Америка се појави вознемирувачка снимка на која тинејџер му се заканува на врсник, го понижува, малтретира и му се заканува со оружје.

Како што се наведува, инцидентот се случил во Мисури. Поставен е на Фејсбук и на него се гледа, како што е подоцна откриено, како 17-годишник се изживува врз очигледно помало момче, терајќи го да му ги бакнува стапалата. Меѓутоа, во еден момент се појавува уште еден тинејџер кој го главата на детето вперува пиштол.

Потоа го тепале. Цело време покрај насилникот е и неговиот другар со пиштолот.

Кога снимката од насилните малолетници почна да кружи по социјалните мрежи, се вклучи и полицијата. Тројцата малолетници се идентификувани и уапсени.

Главниот насилник е 17-годишниот Александер Шрајдер, чиј профил на Фејсбук е преполн со слики од оружје.

Инаку, во Америка случаите во кои тинејџерите прават низа убиства се многу чести, зошто во многу држави не постои ограничување за купување на оружје, како ни контрола.

Најмасовните убиства се случуваа во американските училишта, во кои напаѓачите - деца, влегуваа вооружени и почнуваа да пукаат со ред.

 

Ново на Сител