Возило удри во семафор во центарот на Делчево
Возило удри во семафор во центарот на Делчево. Во моментот екипи на Полициското одделение од општа надлежност вршат увид на местото на несреќата, поради која сообраќајот во централното градско подрачје е во прекин.
-При несреќата срушен е мал пешачки семафор. Во несреќата нема повредени лица, а во моментот сообраќајот на потегот од населбата Милково Брдо кон центарот на градот е во краток прекин. Иако ова е меѓународен пат кој води до граничниот премин Делчево, сообраќајот на останатата делница се одвива во најдобар ред, соопштија од полицијата.
Очевидци велат дека возилото од непознати причини се забило во семафорот. Според нив остатокот од снег и лизгавиот коловоз би можела да биде причина за несреќата.
Ова е втор случај во Делчево да биде срушен семафор во сообраќајна несреќа. Во претходниот случај причина за несреќата беше пијанство кај лицето кое управувало со возилото. Од полицијата повеќе детали за случајот најавија во текот на вечерните часови.
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта