Македонија
4. August 2024 - 14:18

Возило излетало на патот Велес - Извор, две лица повредени

На регионалниот пат Велес кај селото Извор во близина на селото Бусилци на кривините утрово во 8:10 часот возилото „фиат браво“ со велешки регистерски таблички излетало од коловозот, а две лица повозрасни сопружници од Велес се повредени, од кои 70 годишната жена која била сопатник во возилото има потешки повреди, а нејзиниот 75 годишен сопруг кој возел е со полесни повреди, констатирани во велешката болница, информира за МИА Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.