Воздухопловниот регулатор на САД препорача доработки за „Боинг 737 Макс“ повторно да лета

Федералната управа за авијација на САД во својот најнов извештај објавен денеска препорача да се внесат измени во компјутерските програми, дизајнот и во другите системи на авионите „Боинг 737 Макс“, за овој модел да може повторно да лета после фаталните катастрофи лани и во 2018 година
-Препорачаните измени на дизајнот на 737 Макс, процедурите за работа на екипажот и техничкото одржувања ефективно ги намалуваат заканите по безбеднста на овј авион, се вели во извештајот.
Меѓудругото, се препорачува „Боинг“ да додаде уште еден сензор во системите за подобрување на каракетристиките за маневрирање со доработка на соодветната компјутерска програма, и да се внесат измени во електро каблите на авионот. Се истакнува дека пилотите треба да добиваат повеќе предупредувања за време на летот.
Компаниата „Боинг“ во мај го обнови производството на авионите 737 Макс, а во јуни реулаторот одобри спроведување тест летови.
Како што е извесно, овие авиони беа приземјени лани во март после катастрофи во кои два 737 Макс се урнаа со фатални последици. Како резултат на ова, роковите за повторна употреба на овие модели на „Боинг“ се пролонгираше постојано, откако беа најдени сериозни недостатоци во програмните системи на авионот.
„Боинг“ ги исправаше новите обновувања а регулаторите на САД вршеа проверки.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
