-->
-->
Возачот на автобусот со кој се преврте кај Тетово го напуштил својот дом во Гостивар
-->
Возачот на автобусот кој заврши во провалија кај Автопатот Тетово – Скопје со неговото семејство го напуштил домот во Гостивар веднаш по страотната сообраќајна несреќа, пишува Телма.Насобраните писма и сметки висат на влезната врата. Соседите велат дека возачот бил професионалец и сериозен во својата работа.
Од Јавното обвинителство, најавија дека деновиве ќе го повикаат да сведочи и возачот на автобусот. Во тек е вештачењето на автобусот, патниците веќе се сослушуваат.
Меѓу нив е и Бејтула Нухиу кој задоби телесни повреди во сообраќајката. Вели дека кога возилото почнале да преминува на другата лента забележал дека возачот се борел да го контролира автобусот. Сакал да му помогне, но се се случило за миг.
Очевидци на сообраќајката пред камера за „Телма“ кажаа дека возачот нагло свртел лево и со голема брзина удрил во банкините. Не забележале дека биле употребувани кочници. Во сообраќајката загинааа 15 лица a триесетина беа повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
