Возачот на автобусот имал чудно чувство за едно дете во автобусот, а потоа открил нешто неверојатно
Возачот на автобусот Тим Ватсон со брзо размислување и планирање спасил киднапирано дете на кое му се заканувавала неизвесна судбина.
Тригодишното дете било прогласено за исчезнато откако му се изгубило траг пред библиотеката во Сан Франциско. Но, Ватсон во својот автобус го приметил детето кое одговарало на описот како се вози со маж еден час по објавувањето на веста за исчезнувањето.
Ситуација му станала уште посомнителна кога видел дека детето плаче. морал да пронајде начин како од блиску да го провери детето и смислил план. Го запрел автобусот и по ред ги испрашувал патниците дали го виделе несреќното дете. Секако, тоа било изговор да му се приближи на детето, по што го видел клучниот детаљ која го навела полицијата - носело црвени Crocks сандали.
Ватсон потоа го продолжил возењето и скришно ја контактирал полицијата која ги пречекала на следната станица и уапсила киднаперот. Благодарејќи на смиреноста и генијалноста на возачот, на детето му е спасен животот.
Ново на Сител
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?