-->
-->
Возач загина во железничка несреќа во близина на Радуша
-->
Едно лице загина во несреќа што се случила во близина на железничката станица Радуша.
Полицијата соопшти дека синоќа околу 21:00 часот се случила железничка несреќа меѓу воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје и автомобил „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.
Незгодата, како што соопшти полицијата, се случила по тргнување на возот од стојалиштето Орешје кон железничка станица Радуша, на првиот патен премин од левата страна. Од ударот возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди по што починал на местото на настанот.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила